Свет

Ограбен познат историски музеј во Германија, крадците однеле накит вреден милијарда евра!

Еден од најголемите историски музеи во Европа , Зелениот трезор (Grünes Gewölbe) во Дрезден е ограбен рано утринава , а крадците однеле збирка накит вредна над милијарда евра. Германските медиуми јавуваат дека е украдена колекција на антички накит.Според неофицијални податоци, групата крадци најпрвин ја исклучиле електричната енергија пред да влезат внатре. Центарот на Дрезден, каде се наоѓа музејот, е преполн со полиција која засега не дала никакви информации во врска со грабежот.

Во “Grеen Vault” се чува една од најголемите колекции на накит, а според зборовите на полицијата, крадците упаднале во историскиот дел од музејот кој се состои од два дела и во кој се чува богатство од периодот на Фредерик Августус Втори до 1733 година и нов оддел во кој се чуваат богатства на поединци.

фото:metro.co.uk

На почеток