Магазин

(ВИДЕО) Свиња нападнала грчки новинар при вклучување на линк во живо, еве како изгледала брканицата

Грчкиот новинар Лазос Мантикос известуваше од поплавено подрачје недалеку од Атина кога непоканет гостин – свиња , го нападна среде јавувањето.

Свињата, за која се верува дека побегнала од фармата во близина, прво почнала да му ги душка нозете, потоа почнала да го прогонува и да го гризе репортерот кој безуспешно се обидувал да побегне.

За работата да биде полоша, се се случило за време на јавување во живо за емисијата Добро утро Грција, а неговите колеги во студиото не можеле да дојдат при себе од смеење.

Јавувањето на крајот морало да се прекине, бидејќи несреќниот репортер никако не можел да се ослободи од својот прогонувач.

На почеток