Македонија

Јавно извинување до Благлес ДООЕЛ Скопје за погрешно објавена фотографија

Денеска, со цел навремено информирање на јавнсота, на порталот „Скопје1.мк“ (www.skopje1.mk) беше објавена вест „Бугарски камион со 25 мигранти меѓу кои и деца, се преврте во Македонија – линк: https://skopje1.mk/archives/74598“, со фотографија превземена од сервисот „Гугл“ (www.google.com). Истата беше искористена за илустрација, а во ниту еден момент не е наведено дека станува збор за превртениот камион со мигранти.

Во текот на денот, до нашата редакција пристигна барање од адвокат Александар Петрески застапник на фирмата Благлес ДООЕЛ Охрид за повлекување на фотографијата, што е сторено. Притоа, упатуваме јавно извинување, за како што вели адвокатското друштво, направената штета. Барањето го пренесуваме во целост:

„На ден 28.11.2019 година сте објавиле вест со наслов дека:,
„Бугарски камион со 25 мигранти меѓу кои и деца, се преврте во Македонија – линк: https://skopje1.mk/archives/74598 “

Притоа во прилог на дописот неовластено сте објавиле фотографија на која се гледа оштетен ТМВ сопственост на правниот субјект БЛАГЛЕС ДООЕЛ Охрид, кое возило нема никаква врска со вашата објава, а поради што предизвикувате штета на правниот субјект.

Со оглед на наведеното бараме од ваша страна веднаш да биде корегиран дописот, на начин што ќе биде отстранета објавената фотографија, а воедно бараме и писмено и ЈАВНО извинување од ваша страна за направената штета.

Доколку не постапите по ова наше барање ќе бидеме приморани да превземиме законски дејствија за заштита на правата на нашата странка БЛАГЛЕС ДООЕЛ Охрид“, се наведува во барањето.

 

На почеток