Луѓето кои останаа без своите домови во силните земјотреси во Албанија ќе заминат во хотели.
„Им кажав на моите пријатели дека утре ќе одат во хотели што се најдобри во земјата. Оваа приказна за шатори ќе биде затворена утре. Нема да имаме шатори за 2-3 дена“, изјави Рама.
Меѓу жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во раните утрински часови на 26 ноември е и свршеницата на синот на албанскиот премиер Еди Рама, пренесе српски „Телеграф“ повикувајќи се на информации од РТВ2, од каде што информираат дека веста за смртта на својата свршеничка ја потврдил и Грегор Рама.