Евровизиската претставничка Тамара Тодевска во шоуто „Кенга маџик“ ја промовираше новата песна „Monsters“, авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.
Тодевска беше прогласена за најдобар интернационален артист. Таа изјави дека е пресреќна поради наградата која ја доби во Албанија, потенцирајќи дека истата ја посветува на семејството и Македонија.
