Скопје

Пукано во полицаец во скопско Топанско поле откако се обидел да спречи кражба

Попладневно во скопско Топанско поле се одвивала вистининска драма, во која едно лице е повредено. Некаде околу 17 часот при обид за кражба во продажен објкет, полициски службеник кој не бил на работа се обидел да запре две лица бидејќи се посомневал во нивните намери.

Според информациите од МВР, во тој момент кон него било пукано од огнено оружје по што тој се здобил со повреда во раката и бил предрлен во болница.

Повеќе детали се најавени за утре, а изврешен е и увид од страна на МВР. Снимките од видео-надзорот поставен на околните објекти треба да даде повеќе информации за оваа драма.

На почеток