Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски таблички, излетале од улицата по која се движеле, ја пробиле заштитната ограда и се превртеле на новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, објави „Макфакс“.
Надлежните се обидуваат да го исправат превртеното возило кое што го блокира сообраќајот на булеварот.
