Македонија

Рекет: Трет пат се објавуваат материјали, Русковска најави но не најде кој ги пушта во јавноста

Обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ најави дека ќе истражува кој ги објавил снимките каде се слуша гласот на еден од сведоците во овој случај, а против кого има и предмет отворен од Специјалното јавно обвинителство. Снимките се објавени на „Јутуб“ пред два дена, станува збор за тонски записи, но непознато е кој е соговорникот кој разговара со сведокот во „Рекет“.

Ова е втор пат јавно да се појават снимки за „Рекет“. Првиот пат, снимките ги објави инталијанскиот весник „Ла Верита“, а се гледаше како Боки 13 и Зоки Кичеец излегуваат од домот на Орце Камчев.

За случајот „Рекет“, во јавност се појавија и записници од исказите на Орце Камчев. Нив ги објави порталот „Инфомакс“. Додека траеше истрагата која ја водеше Обвинителството за организиран криминал на адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Боки 13 за пари му бил нудел исказот на Зоки Кичеец кој во тоа време го имаше само Русковска.

За ниту еден од овие претходни случаи, кога протекуваа материјали, снимки, записи, не беше откриено кој ги објавува, односно кој ги поседува. Засега, никој не е санкциониран иако тоа беше најавено.

За последно објавените снимки се огласија двете најголеми политички партии. Од СДСМ бараат истрага, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека објавени од власта за да се врши притисок над Орце Камчев.

На почеток