Спорт

Започна карате турнирот „13 ноември“

Во спортската сала “Македонски херои” на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје започна петтото издание на турнирот во карате “13 Ноември“.

На турнирот, кој ќе трае два дена, ќе учествуваат повеќе од 400 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Овој турнир е еден од најстарите на просторите на поранешна Југославија и за првпат се организира во 1974 година, но истиот згасна. Пред 5 години истиот е возобновен со поддршка на Град Скопје, а истиот е во организација на карате клуб „Цветан Димов“.

На карате турнирот на присутните се обрати и градоначалникот Шилегов, кој ним посака добредојде и им посака успешен настап, а на најдобрите во повеќе категории им додели медали.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток