Македонија

Пендаровски: Идните 19 амбасадори се кариерни дипломати

Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.

Листата веќе е испратена до Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да даде амин за истата. Денеска претседателот истакна:

– Не тоа е одлука на Влада вчера  така почнува постапката ние имавме претходно со валдините преставници со министерството за надоврешни работи имавме широки консултации  на таа тема од пред неколку месеци. Вчера е донесена одлука  имињата за која е донесена одлуката јас ги знам формално не сум ја добил долуката на Владата кога ќе ја добијам ќе ја  почнам постапката од моја страна. Во меѓувреме пред да ги праќам луѓето треба уште неколку работи да се завршат, меѓу кои и презентирањето на програмата на амбасадорите во преслушувањето на надлежната собраниска комисија и понатаму се разбира ќе се бараат  агремани на државите кои сакаме да ги пратиме. Има една одредница која јас ја споменувам, сакам и сега да ја спомнам , Нели избори се ближат, чинам на трети јануари доаѓа техничката Влада меѓутоа многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието, мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. После тој датум не можете ни да вработите ни  да унапредите било кого во јавната администрација а не да праќате амбасдори. Што ќе се заврши во тој момент во смисла на амабасадорите ќе се завршат. Кој ќе отиде ќе отиде тоа не поради моја политичка волја туку затоа што законот забранува после самораспуштање на Собранието да се праќаат амбасадори. Значи ќе се чека ако до тој момент некој не е отиден на дестинацијата за која е определен тогаш ќе се чека да поминат изборите да се формира нова Влада значи да заврши тој изборен период, изјави Пендаровски на новинарското прашање.
Исто така тој сооптши дека идните 19 амбасадори се кариерни дипломати
– Над 90 проценти од овие што се предложени на оваа листа се кариерни дипломати, значи се професионално  вработени во Министерството за надворешни работи тоа беше едно од моите први заложби и едно од првите принципи кои инсистирав на моите првични консултации со министерот Димитров, открива претседателот.
фото: Архива
На почеток