Македонија

Формиран Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, еве кој ќе го води…

Владата на РСМ донесе одлука да се формира Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, во следниот состав:

–  Зоран Заев –  претседател на Владата на Република Северна Македонија,

– Садула Дураки – заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,

–  Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи,

–  м-р Радмила Шекеринска Јанковска – министер за одбрана,

–  м-р Никола Димитров – министер за надворешни работи,

–  Викторио Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност,

–  Еролд Муслиу – директор на Агенцијата за разузнавање, и

– Горан Василевски – раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.

фото: Влада

На почеток