Македонија

(ФОТО) Продолжи акцијата за уривање дивоградби во Охрид – се отстрануваат железата од Езерото, за сопствениците фактури

Во Охрид продолжи акцијата за уривање на дивоградби. Откако истече рокот што им беше даден на угостителите за да ги отстранат нелегално поставените платформи, градежите работеници најмени од Општина Охрид повторно излегоа на терен.

Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата.  Работниците ги отстрануваат железата кои останаа во езерото, а беа дел од платформите на кафулињата на потегот од месноста ‘Ј’но’ до населбата ‘Канео’“ . Екипите на Општината и претходно беа на овие локации, но кратко по пристигнувањето беа повлекувани, затоа што ггостителите бараа од градоначалникот Константин Георгиевски сами да си ги урнат дивоизградените објекти.

Општина Охрид најави дека за интервенцијата на полицијата, како и градежните работници, ќе достави фактури до правните и физички лица чии објекти беа отстранувани. Дивопоставени платформи во водите на Охридското Езеро има речиси секој угостителски објект што е лоцаран на крајбрежјето.

Акцијата доби засилено темпо откако  УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот.

Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1.000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.

фото: Скопје 1

 

На почеток