Владата на РСМ донесе одлука да се формира Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница, во следниот состав:
– Зоран Заев – претседател на Владата на Република Северна Македонија,
– Садула Дураки – заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи,
– м-р Радмила Шекеринска Јанковска – министер за одбрана,
– м-р Никола Димитров – министер за надворешни работи,
– Викторио Димовски – директор на Агенцијата за национална безбедност,
– Еролд Муслиу – директор на Агенцијата за разузнавање, и
– Горан Василевски – раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.
фото: Влада