После две дена увид во доказите, рратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски очекува Јавното обвинителство да ја запре постапката против неа за случајот со невладината Меѓународен сојуз.
По излегувањето од обвинителството, Ременски изјави дека добила решение дека истрагата за неа е завршена.
„„Дадовме одговори и појаснувања за прашања кои можеби биле причина за отворање на истрагата. Секако, ги расчистивме сите прашња во тој контекст кои се дилема на Јавното обвинителство. Сметаме дека врз база на исказите и доказите, јавното обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене во оваа постапка“, рече Ременски.
фото: Архива