Информацијата дека македонската компанија РКМ дооел Скопје во земјава во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори, кое претставува опасен отпад, потврдија хрватските власти за МКД.мк. На истото прашање од македонската царина ни одговорија дека „немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.
Македонската компанија РКМ деновиве би требало да се соочи со сериозни казни поради обидот во земјава да увезе најмалку десетина цистерни со мазут помешан со масло од трансформатори, екстремно опасна материја чие согорување мора да се одвива во посебни печки. За ова преку меѓународната асоцијација СЕЛЕК (Југоисточен центар за спроведување на законот) веќе биле информирани хрватските, романските и македонските власти, објави МКД.МК
И кога цистерните дошле до македонската граница со такво предупредување, македонската царина го утврдила токму спротивното.
„Во врска со Вашето прашање, информираме дека е направено истражување како од наша страна, така и од страна на хрватските надлежни институции и по направената хемиска анализа утврдено е дека нема неправилности во документацијата ниту во декларираната стока и таа е ослободена. Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето. Од наша страна известен е Државниот пазарен инспекторат, кој дополнително ќе преземе мерки за контролирање на исправноста на стоката по нивна надлежност“, ни одговорија од Царинската управа на Македонија.
Нивните колеги од Хрватска ни велат нешто сосема друго.
фото: IndiaMART