Македонија

МВР за сообраќајната несреќа во која полицаец загина на службена должност, одкако во него влетал автомобил

На 28.12,2019 во 19,05 часот на автопат Тетово-Гостивар,  во близина на место викано „Тумчевишка клучка“ патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од с.Грешница,кичевско удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи-обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода, а потоа патничко моторно возило„фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од с.Синичане, кое се движело во правец Гостивар-Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ. По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди. Р.Ш., по насока на јавен обвинител е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.

фото: Архива

На почеток