На 02.01.2020 во СВР Тетово, Х.И.(42) пријавил дека во атарот на тетовско Долно Седларце, во месноста „Стевчево“, додека бил на лов, во нива забележал неексплодирана тромблонска мина, која била кородирана. Извршен бил увид, а мината била подигната и транспортирана од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
фото: Архива