Обвинителката Елизабета Јосифовска денеска сведочи за „Рекет“. Таа кажа дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет за предметот „Империја“ по налог на Катица Јанева.
„На состанок во декември 2018 Лиле Стефанова достави предлог за одбивање на жалба и продолжување на притвор на Орце Камчев. Катица Јанева побара да биде заменет со куќен. Беше збунувачки за сите и Лиле велеше дека ќе биде штетно за истрагата која само што почна. Јанева рече дека тоа ќе биде добро за процесот“, истакна во своето сведочење Елизабета Јосифовска.
На 2 мај 2019 Јосифовска потпишала мислење за издавање на времен пасош на Камев.
Фото: Архива