Македонија

Боки 13: На кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“

На кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“ , праша Боки 13 на денешното рочиште за „Рекет“.

„Јас се чуствувам понижено и сум загрижен за мојот живот. Оправдано се чувствувам како политички затвореник. Како лице кое е во тешка здравствена состојба ќе ги употребам сите правни лекови, рече Бојан Јовановски. Тој кажа дека преку писмо ги информирал и странските дипломати во земјава, а и Хелсиншкиот комитет за се.

Инаку денеска на судењето за „Рекет“ сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска.

Таа кажа дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет за предметот „Империја“ по налог на Катица Јанева.

Фото: Архива

На почеток