Македонија

Дуковски: Боки 13 секојдневно добива закани и притисоци од надворешни лица

Адвокатот на Бојан Јовановски во „Рекет” , Сашо Дуковски  на денешното рочиште за овој предмет кажа дека  Боки 13 секојдневно добива закани и притисоци од надворешни лица.  Тој кажа дека затворот не е херметички затворен.

„Не можеме да кажеме дали се политичари. Високи претставници се”.Морам да укажам и да ја информирам јавноста дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Јовановски има нееднаква положба со другите учесници во овој кривично правен настан. Сметам дека притворот треба да се смали на најблага можна мерка. Секое месечно продолжување на притворот е со исти и еднакви образложенија. Човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба”, рече адвокатот на Јовановски – Дуковски.

фото: Архива

 

 

На почеток