Од утре Македонија влегува во жолта алертна фаза, температурите ќе се спуштат до -15 степени. Најавата на метеоролозите е дека под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег.
Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер.
фото: Архива