На 05.01.2020 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода М.Л.(20) од с.Луковица, Македонска Каменица, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициско одделение и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички рботи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Н.С. му продал хероин на Н.И., кој од страна на полициски службеници бил затекнат во напуштена куќа на улица „11 Октомври“ во Свети Николе, при што кај него бил пронајден хероинот.
фото: Архива