Свет

Папата повика на смирување на тензиите помеѓу САД и Иран

Папата Франциск денеска ги повика САД и Иран да престанат со насилствата. Тој побара двете страни да продолжат со дијалогот за да се спречи поширок конфликт на Блискиот исток.

Папата ова го изјави на годишниот говор познат како „Светска држава” кој го одржа пред сите акредитирани амбасадори во Ватикан, јави дописникот на МИА.

– Сигналите од целиот регион се особено проблематични по засилените тензии меѓу Иран и САД. Затоа, јас го повторувам мојот апел до сите засегнати страни да избегнат ескалација на конфликтот и да го одржат „пламенот“ на дијалогот и воздржаноста со целосно почитување на меѓународното право – рече папата.

фото: Архива

На почеток