Магазин

DJ BAZZ – Единствен македонец кој има настапувано пред 250 лица на брод на Босфор!

Dj Bazz е новото име на македонската сцена, но и единствен DJ кој 2020-та година му започна на Босфор со настап пред 250 млади од цела земја. Како што и самиот вели, изненаден е од позитивната енергија која и се случила на публиката на целовечерниот настап кој започа од 22:00 часот и траеше до утринските часови.

„Она што беше уникатно, е тоа што цела вечер пловевме по Босфорот“. Годинава ја имавме честа да уживаме во спекталуларен огномет до „Мостот на Босфор“, а особено задоволство ми претставуваше мене од причини што сите беа добро расположени и уживаа во мојот микс“, вели Dj Bazz.

За разлика од минатите години кога градот немаше доволно новогодишна еуфорија, годинава се новогодишната приказна беше сосема поразлична. Доколку се наврнеме на фактот дека само „Ескејп Травел“ го срушија сопствениот рекорд со 250 млади од цела земја на борд на Босфор, може да се заклучи дека и заинтересираноста кај младите за журкање во Истанбул расте.

„Агенцијата одлучи годинава новогодишниот дочек да биде поразличен од останатите. Самата агенција организираше отворен и затворен подиум. На почетокот пуштав музика во затворениот дел како најава на бендот, за потоа журката со мене да се префрли на отворено со феноменален поглед и со феноменален огномет“, додава Bazz.

На прашањето што може да се очекува во блиска иднина, dj Bazz ни додава дека во моментов заедно со „Escape Travel“ работат на проект кој ќе биде објавен наскоро. Како што вели тој, нови патувања и нови доживувања. За него, мотото на агенцијата или бегство од реалноста, е само добар поттик за сите млади кои знаат како да живеат.

 

На почеток