Актуелно

Вечерва помрачување на месечината, еве како ќе влијае на хороскопските знаци

Вечерва е првото помрачување на Месечината од вкупно шест што ќе се случат во 2020 година. Помрачувањето започна во 18 часот и 8 минути и ќе трае до 22 часот и 12 минути. Помрачувањата, полната месечина… сите овие природни појави многу влијаат на хороскопските знаци. Астролозите велат декаа овој ден поволен е  само за Лавовите и Девиците. Емоциите ќе бидат изразени кај сите, било да се позитивни или негативни.

Нагласени се зависта, љубомората, очајот, но и еуфоријата, како и фрустрациите.

Еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак:

Ќе се случат одредени промени во вашиот дом, бидејќи месечината ќе влијае на семејните односи. Внимавајте да не погрешите при носење на некоја одлука.

Месечината ќе влијае врз вашите емоции, па затоа воздржете се од носење клучни одлуки, потпишување договори и документи или преговори со роднините околу имот.

Помрачувањето ќе ве направи посвесни за финансиската ситуација, па нема да се впуштите во големите трошоци кои претходно ги планиравте.

Влијанието е најизразено врз вашиот емоционален склоп, имате проблеми да се разберете себе и што сакате и од себе, но и од другите околу вас.

Најдобро е овој ден да не правите ништо значајно, туку да се посветите на релаксација и одмарање. Можно е да ви се случи краткотрајна заљубеност.

Сите случувања се насочени кон тоа да добиете некоја финансиска добивка, без разлика дали сте студент, вработен, пензионер или пак, финансиски зависни од член од семејството.

Денеска внимавајте како се однесувате на работа. Ако премолчите некои нешта кои ви доаѓаат да ги кажете, нема да се ставите во незгодна ситуација.

Помрачувањето на месечината ќе влијае врз вашите филозофски размислувања, духовност и врз страстите. Внимавајте во кого имате доверба во животот.

Внимавајте во што вложувате пари и трошете ги паметно. Бидете особено внимателни со кредити, животни осигурувања или купување недвижнини.

Сосема се можни недоразбирања и на професионален и на емоционален план. Ќе сакате да се дистанцирате од одредени личности во вашата околина.

Ова помрачување ќе влијае врз вашето здравје, па затоа треба да почнете посериозно да внимавате што јадете и редовно да ги земате витамините.

Месечината овојпат ви носи промени кога е во прашање љубовта, но и вашите емоции општо. Имајте реални очекувања и согледувања на ситуацијата.

фото: Novosti

 

 

 

На почеток