Магазин

Турунџиева за ТВ24: Еден од запалените автомобили е мојот

Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати пејачки. Првото возило мини купер било опожарено , а од пожарот било зафатено и второто возило.

Турунџиева за ТВ 24 истакнала дека покрај нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска – Ристески.

Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите, а Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.

фото: ФБ

На почеток