Актуелно

Кумановец заработи кривична, превезувал дрва за огрев без лиценца

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.О.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 01.10.2019 на локален пат Куманово – с.Лопате, пријавениот со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревни дрва без лиценца.

фото: Архива

На почеток