Слајдер

Во хеликоптерска несреќа загина кошаркарот Коби Брајант

Кошаркарот Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, утрово по локално време, јавуваат светските медиуми.

Смртта на 41-годишната поранешна кошаркарска Losвезда на Лос Анџелес Лејкерс ја потврди ТМЗ.

Порталот објави дека Брајант патувал со уште четири лица во неговиот приватен хеликоптер кој се урнал, при што загинале сите во авионот. Причината за несреќата е под истрага.

На почеток