Свет

Во Јапонија возач кој не бил во Кина заразен со коронавирусот, во Турција пак сомнителни 12 лица

Јапонскиот министер за здравство соопшти дека едно лице во Јапонија што воопшто не ги посетило Вухан или Кина е заразено со новиот коронавирус, објавуваат јапонските медиуми.

Пациентот е на возраст од шеесетина години. Во Јапонија сега има вкупно шест потврдени случаи на зараза од вирусот.

Министерот Като рече дека возачот во својот автобус возел две кинески туристички групи од Вухан.

Во Трурција пак хоспитализирани се 12 сомнителни  лица.  Десет кинески туристи кои патувале во турска Кападокија, и двајца турски државјани се хоспитализирани со сомневање на коронаворус, соопшти на прес-конференција гувернерот на покраината Аскарај Али Манти.

Надвор од Кина, потврдени случаи се пријавени во Хонгконг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетна, Сингапур, Непал, Франција, Австралија, Малезија и Германија.

фото: Архива

На почеток