Свет

На Филипини почина маж од коронавирусот, ова е прв смртен случај надвор од Кина

Првиот смртен случај како последица од епидемијата на новиот сој коронаворис надвор од Кина е забележан на Филипини, каде починал 44-годишник од кинескиот град Вухан, од каде кон крајор на декември минатата година се појави вирусот.

Тој се заразил од вирусот пред да пристигне на Филипините, соопшти Светската здравствена организација.

Повеќе од 300 луѓе починаа од оваа болест, најмногу од провинцијата Хубеи. Над 14.000 луѓе се инфицирани.

фото: New Straits Times

 

На почеток