Актуелно

Стампедо на миса во Танзанија, има мртви а меѓу нив и деца

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 16 се повредени во стампедо, кое настанало за време на миса на стадион во северна Танзанија, рекол владин претставник.

Неколку стотици се собрале на стадион во градот Моши, во близина на падините на Килиманџаро, за да бидат помазени со свето масло.

„Дваесет луѓе загинаа, а 16 се повредени во инцидентот“ рекол началникот на општината Моши, Кипи Вариоба за Ројтерс и додал дека меѓу загинатите се пет деца.

„Стампедото настана кога верниците се стрчаа за да бидат помазени со масло. Беше ужасно, луѓето се газеа едни со други без милост“ рекол Вариоба.

Пасторот Бонифаце Мвампоса, кој се прогласил за апостол, собира полно луѓе на своите собири со ветување за просперитет како и ветување дека ќе ги излекува верниците кои доаѓаат по тоа што се нарекува „свето масло“ .

извор: Makfax

фото: Al Arabiya English

 

На почеток