Педесет и две годишен маж е уапсен поради сомнение за продажба на дрога во Скопје.
Против лицето Ќ.Ј. е поднесена пријава поради сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и на истиот му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.
На 24 септември од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, извршен е претрес во неговиот дом на улица „Лазар Танев“ во Скопје, каде пријавениот престојувал со својот 28 годишен внук. При извршениот претрес во домот се пронајдени 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.