Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“ такси возач удрил во мајка и дете кои поминувале на пешачки премин. Мајката и детето поминале со полесни повреди, а со возило на Брза помош биле пренесени во болница.
„Со жена ми и ќерка ми бевме на клиника цела вечер. Во полиција не ми дадоа податоци за возилото и возачот. Ќе ми помогнете да го најдам?“, пишува таткото Александар Малевски во групата Ѕид на сообраќајниот срам.
Некои од очевидците велат дека таксистот застанал и бил со мајката и детето, па чекал да дојде и Брза Помош. Други пак, велат дека мајката и детето удриле во задната врата на таксистот. Останува нејасно, зошто таткото го бара возачот преку социјалните мрежи.