Свет

Што треба да направи Асанж за Трамп да го помилува?

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со објавувањето на електронската пошта на Демократската партија во 2016 година.

Условот за помилување е Асанж да објави дека Русите не учествувале во обелоденувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон, што ѝ наштети на нејзината кампања за претседателските избори во 2016 година кога победи Трамп.

Ова во својот исказ го кажал поранешниот републикански конгресмен Дан Рохрабачер пред судот во Лондон. Тој во 2017 година го посети Асанж, потсетува „Ројтерс“.

Асанж во САД се соочува со казна од 175 години затвор поради обвиненија за обид за хакирање, обелоденување доверливи информации и за шпионажа. Обвинението беше објавено на 11 април лани кога Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

Асанж (47) е во затвор во Лондон кога Еквадор му го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на Амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во Лондон против него се води судска постапка, на која се одлучува дали да биде екстрадиран во САД.

На почеток