Македонија

МВР ќе издава лични карти по итна постапка за референдумот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29. 9. 2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи.

На денот на референдумот одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток