Утре во Брисел патува тим од четириесетина луѓе предводени од министерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и техничкиот преговарач Бојан Марушиќ. На овие состаноци претставниците на ЕУ ќе ни соопштат кои закони и во кои области треба да се хармонизираме со европската регулатива од поглавјето 23 кое се однесува на правосудството во целина и фундаменталните права. Потоа, нашата страна треба да направи анализа на состојбата и да изготви акциски план во кој ќе биде наведено тоа што ќе се преземе и роковите во кои тоа треба да се направи.
