Македонија

Османи до жителите на Блаце:„ Aко е некој незадоволен, нека се жали на суд“

Жителите на Блаце вчера протестираа поради понудената цена од 200 денари за квадратен метар за имотите низ кои треба да поминува автопатот Скопје-Блаце.

„Aко е некој незадоволен, нека се жали на суд“, им рече вицепремиерот Бујар Османи на сите кои вчера излегоа на протести поради како што велат, смешната цена од 200 денари за квадратен метар која државата им ја нуди за експропријација на земјиштето на кое треба да се гради автопатот Скопје – Блаце.

Тој вели дека според новиот Закон за експропријација граѓаните немаат право да не ја даваат земјата, туку имаат право само да ја обжалат сумата, објави  360stepeni.mk.

„Имаат право да поднесат жалба на суд за цената, а судот може потоа да ја отфрли цената која ја нуди бирото и да одреди друга цена. Но, мислам дека треба да објасниме зошто и како е извршена проценката околу утврдениот износ за надомест на земјиштето“,изјави Османи на прес – конферецијата.

Жителите на Блаце тврдат дека цената која треба да ја добијат треба да биде над 50 евра за квадратен метар, а не како што ги нарекуваат навредливи 200 денари кои им се нудат.

извор: 360stepeni.mk

На почеток