Српскиот продуцент и композитор Александар Фута Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ, денеска сведочеше на судењето за случајот “Рекет”. Тој е на предлог на одбраната односно предложен од адвокатот на Боки 13.
Радуловиќ кажа дека на Бојан му дал пари за да им донесе лекарства од Милано.
-На вечерата во мојот дом беше моето семејство и Бојан со неговата мајка Јасмина, нејзината кума и возачот Тони. Тогаш зборувавме за скапите лекарства кои и беа потребни на мојата сопруга од странство, и гардероба, за што имаа исти интерес со Бојан. Таа поради болеста ослаби многу и мораше да набави нова гардероба, а бидејќи по тоа прашање се сродни души, требаше да ја купи Бојан. Тој требаше да оди во Милано и требаше да ја направи набавката, рече Радуловиќ.
Сведокот во продолжение на својот исказ потенцираше дека со Бојан Јовановски не е скаран, туку дека се добри пријатели со него и неговото семејство.
Радуловиќ рече дека во изминатите две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ.
фото: Архива
