Македонија

Фипипче: 64 вработени на клиниката за кожни болести се во изолација, 8 лица се тестираат за коронавирус

64 вработени, меѓу кои и директорката на клиниката за кожни болести се во самоизолација во домашни услови, изјави на пресконференцијата министерот за здравство Венко Филипче по објавување на информацијата дека директорката на клиниката била заразена со корона вирусот.

Филипче истакна и дека клиниката е целосно дезифицирана но дека ќе биде затворена 14 дена.

Во домашна изолација се 64 здравствени работници вработени на Клиниката за кожни болести. Од 104 добар дел се здравствени работници кои присуствувале на стручното предавање и 24 пациенти, 13 кои биле хоспитализирани и 11 кои биле во дневната болница. Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се меѓу заболемите од коронавирус, истакна министерот Венко Филипче.

Минситерот посочи дека исконтактирани се сите лица кои биле во контакт со директорката заболена од коронавирус.

Министерот додаде дека во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти – еден пациент со симптоми кој престојувал во Бугарија и неговата сопруга, патник од Сингапур, наш државјанин, кој се вратил дома, четвори лица кои биле во контакт со заразената двојка од Дебаре и еден пациент од Гевгелија.

Резултатите за овие лица ќе излезат во исто време и јавноста ќе биде информирана за нивната состојба.

Министерот нагласи дека против докторката Нина Цаца Биљановска ќе се преземат казнени мерки, не сега бидејќи е предизборие, но потоа.

– Клиниката за кожни болести ќе биде затворена, пациентите ќе се пренасочат кон другите одделенија за дерматовенерологија кои ќе функционираат во градот и ширум државата. Сите пациенти се прегледани, кои можат да примат домашна терапија и се пратени на домашно лекување и здравствен надзор. Исконтактирани се и сите колеги кои присуствувале на семинарот во саботата, истакна министерот.

Тој потенцираше дека не е точно дека било пријавено во Министерството за здравство дека директорката на Клиниката за кожни болести се вратила од Италија.

Филипче уште еднаш упати апел да не се шири паника и да се превземаат информации исклучиво официјални.

фото: Архива

 

На почеток