Македонија

Заев: Светот е големо село, нема кај да бегаат големите родољуби

Премиерот Зоран Заев е уверен дека постигнатиот договор со Грција и уставните измени се единственото можно решение и единствената можност Македонија да чекори напред кон ЕУ и НАТО, да обезбеди подобар живот за своите граѓани.

Договорот, смета тој, го заштитува македонскиот идентитет, ни дава можност да се ословуваме како Македонци, го гарантира македонскиот јазик, ги гарантира употребата на кодовите МК и МКД. Со договорот химната, знамето и грбот, рече остануваат засекогаш. Дека ова е единствено можно решение со кое на Македонија и се отвараат перспективите се согласуваат и членовите на Сојузот на Борци на Македонија.

-Договорот е влог во македонската иднина, кој го расчисти патот на Македонија за влез во НАТО и за почеток на преговорите на ЕУ – рече македонскиот премиер на вечерашната дебата за уставните измени организирана од страна на Сојузот на борци на Република Македонија.

На ваков начин, рече Заев, Македонија станува држава која не е негирана и држава која е признаена од сите. Тоа беше борбата и на нашите претци, потенцира премиерот, да имаме држава која некој нема да ја оспорува. Ова, потенцира, е модерна борба која ја водиме на модерен начин со трпение подавање рака градење пријателство за да и отвориме перспективи на Македонија и генерациите кои доаѓаат по нас.

-Како резултат на тоа се случи некои кои се чукаа во гради како големи патриоти родољуби на својот народ да избегаат. Нема кај да бегаат. Светот е големо село, порано или покасно ќе се вратат назад, затоа што на површина излезе целата ништожност, перфидност, па дури и своите другари и сопартијци да се остават вака на милост и немилост. Па почнаа да зборуваат луѓето и процесот незапирливо се отвара за да на крајот да дојде правдата до крај за се, преку транспарентни и независни судски процеси – рече Заев.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток