Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушување, вели директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски, за „Макфакс“. Мијалков засега е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев, кој е сместен во т.н. хашки ќелии поради висок холестерол, тврди Котевски.
„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги преземаат сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права што му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.
Директорот на затворот „Скопје“ додава дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите сè уште не ги знае.