Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишна жена од струшкото село Горно Татеши поради сомнение дека на социјалните мрежи објавувала компромитирачки фоторафии од своето поранешно момче.
Со ваквата постапка таа сторила кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Како што информираат од МВР, на 17. септември годинава, пријавената на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, креирала лажни профили на име на 36-годишен тетовчанец со кого претходно била во љубовна врска.