Македонија

Арсовски:Секое просечно четиричлено семејство од вчера е задолжено со 200 евра

Неспособната Влада на Заев и министерот за задолжување Тевдовски вчера направија нов долг од 98 милиони евра.Ова значи дека секој човек во Македонија од вчера е задолжен за 50 евра, а секое просечно четиричлено семејство е задолжено со 200 евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, толку од животот кој го ветуваа СДСМ, Заев, Тевдовски пред две години. Сега веќе и стравот дека јавниот долг во 2019 ќе биде 54,2% од БДП со нови 600 милиони евра нов долг почнува да изгледа оптимистичко сценарио.

,,Сите психолошки бариери оваа власт ги сруши, а ако се земе предвид дека целата економија крахира и тоне, прогнозите се с’е поцрни и поцрни. Годината според меѓународните финансиски институции ќе ја завршиме со рекордно најнизок раст во регионот и во Европа. Граѓаните освен со нови долгови кои речиси на неделна основа им ги товари владата на Зоран Заев, ќе бидат натоварени и со зголемени даноци, зголемени акцизи, инфлација на цени, зголемена сиромаштија и пад на стандардот кај граѓаните.

Станува јасно дека со оваа власт граѓаните ќе се поделат на две социјални категории, една ќе бидат членовите на криминалниот картел на власт кои се богатат и се блиски до Зоран Заев и СДСМ, а втората сите останати граѓани, вклучувајќи пензионери, работници, млади и сите останати.Оваа власт колку подолго се задржи, толку поголеми последици ќе остави во животот на граѓаните. Тие немаат апсолутно никаква визија, знаење и капацитет да ја подобрат економијата во Република Македонија.Нивниот принцип е купи ден помини, ама за жал го прават со кредити и секој нивен ден на власт граѓаните многу скапо го плаќаат во моментов, но и допрва скапо ќе ги плаќаат каматите во иднина.Што побрзо си заминат, толку подобро за Македонија и толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред!”, додаде тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток