Македонија

Пакистанци повредени и ограбени на пат од Лојане кон Ваксинце

Две лица од Пакистан пријавиле дека синоќа на пат од селото Лојане кон селото Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан.

Потоа, како што информираат од МВР, двајцата биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А. со тврд предмет.

„М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот“.

фото: Архива

На почеток