Тело на починат 33 годишен маж било пронајдено во неговиот дом во Демир Капија. Вчера околу 13.40 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33), во семејната куќа на ул.„Радњанска“ во Демир Капија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.
фото: Архива