Македонија

СДСМ: 160 милиони евра за земјоделците

Предлог буџетот за 2019 година предложен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството. Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделите, соопшти СДСМ.

Според партијата, над 6,6 милијарди денари земјоделците добиваат за целосна, навремена и неселективна исплата на субвeнциите.

,,За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку парите за оваа година.
За наредната година, земјоделците добиваат 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.

Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и ветената мерка „зелена нафта“ односно поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, што ќе ги намали трошоците за производство.Ова се само дел од мерките преку кои ќе се обезбедат повеќе пари и поддршка за земјоделците, сигурен пласман и унапредување на земјоделството”, се додава во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток