Криминалната и одродена власт на чело со аболицираниот Зоран Заев продолжува со расипничкото и несовесно трошење на парите на граѓаните. Во новиот најраспичнички и најмегаломански буџет во историјата на државата нема простор за потребите на граѓаните, нема простор за здравјето на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта троши милиони за луксузирање, 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милиони евра за лубриканти, а само 1,5 милиони евра за борба против загадувањето. Аерозагадувањето е еден од најгорливите проблеми на граѓаните. Според Светската здравствена организација над 3 илјади животи годишно прерано згаснуваат како директен резултат на енормно загадениот воздух. Скопје е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, а за жал го носи приматот во Европа. Енормното загадување на воздухот ги наполни клиниките, а на удар се децата, бремените жени, возрасните луѓе над 65 години и хронично болните. Загадувањето на воздухот го оштетува мозокот, а високото количество на ПМ 10 честички во воздухот предизвикуваат и респираторни и кардиоваскуларни проблеми“, велат од партијата.
Криминалниот картел на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потроши половина од својот мандат без да понуди едно решение за проблемот со загадениот воздух.
„Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека нема простор за политиканство, власта мора веднаш да ги прифати итните мерки за борба против загадувањето. Мерките ќе ја подобрат состојбата со амбиенталниот воздух, овие мерки ќе спасат 100-тици ако не и илјадници животи. Крајно време е власта да почне да ги решава проблемите на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.