Македонија

Иванов прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања“

Македонскиот претседател вечерва порачал дека многу иницијативи, проекти и преговори кои биле наменети за регионите на Балканот, Кавказот и Блискиот исток пропаднале, нагласувајќи дека во овие региони живеат многу етнички, јазични и религиски групи.

Според македонскиот претседател овие се места каде што се испреплетуваат и каде што се допираат поранешните империи, со што настанувале и конфилкти.

Тој вечерва беше прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања“, независна научна институција која се занимава со прашања од интернационален карактер.

„Но каде што биле империите, таму се создавал и отворен простор. Луѓето немале граници и затоа најчесто тие го користиле целиот простор. Балканот е врската меѓу Европа и Блискиот исток“, рече претседателот Иванов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток