Свет

Во Германија незначителен раст на заразени со КОВИД 19, Меркел е против ублажување на мерките

Во Германија во последните 24 часа бројот на заболени од коронавиурс пораснал за 1.775, што е незначителен раст на заразени по два дена опаѓање на бројот.

Вкупниот број на заразени изнесува 143.457, наведува агенцијата Ројтерс.

Во изминатите 24 часа починале 194 лица, така што вкупниот број на жртви во Германија е 4.598.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера остро ги критикуваше дискусиите што се појавија низ Германија за ублажување на рестриктивните мерки воведени за ограничување на ширењето на пандемијата на коронавирус. Таа истакна дека доколку се укинат мерките, малкумина ќе се придржуваат кон мерките за социјална оддалеченост.

фото: DW

 

На почеток