Македонија

„Анима мунди“: Бараме итно идентификување на службените лица и казнување, поради изживување врз тинејџер и неговиот миленик

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ реагира на приведувањето на момчето кое вчера, за време на полицискиот час, излегло да го прошета кучето.

-Ние во ова гледаме демонстрирање сила и изживување врз тинејџер и неговиот миленик за што бараме итно идентификување на службените лица и нивно казнување. Во време кога луѓе по улици протестираат или ора играат и поминуваат неказнето, вака ли изгледа професионалноста на нашата полиција и сразмерната примена на мерки согласно полициските ингеренции во време на вонредна состојба, наведува „Анима мунди“ во реакцијата.

Инаку настанот се случи вчера. За време на забраната за движење беше приведено момче со својот миленик.  И министерот Чулев и заменк министерката Петровска најавија дека случајот ќе се испита од внатрешна контрола.

фото: Архива

На почеток